Соја Восок
Восокот од соја е растителен восок добиен со хидрогенизација на масло од соја.
За време на процесот на хидрогенизација, некои од незаситените масни киселини во маслото се претвораат во заситени. Покрај тоа, процесот ја менува температурата на топење на маслото, како резултат на што восокот од соја се претвора во цврста материја на собна температура.
.
- Употреба на восокот од соја
Восокот од соја генерално го користат производителите на свеќи како самостојна суровина, измешан со други природни масла или помешан со парафин. Свеќите направени од восок од соја се исклучително убави, еколошки и горат долго и рамномерно.
Во нашата понуда ќе најдете:
1.Соја восок Nature wax c-3 - Соја восокот е 100% производство на Cargill Usa и e восок во лушпи кој не содржи во неговиот состав животински или минерален производ. Се употребува за украсни свеќи во чаши , садови како и калапи , со одлична апсорбција на мириси и бои , како и одлична ароматичност при горење.
Точката на топење е 51-54 целзиусови степени.
Пакување: 22.68 кг во картонска кутија
2.Соја восок Nature wax c-310 - Соја восок 100% производство на Cargill Usa e восок во гранули кој не содржи во неговиот состав животински или минерален производ. Се употребува за украсни свеќи во чаши , садови како и калапи , со одлична апсорбција на мириси и бои , како и одлична ароматичност при горење.
Точка на топење 51-55 целзиусови степени. Се препорачува да се топи на температура до максимум 75 степени на која се додаваат бојата и миризливите масла .
Паковање: 20кг во картонска кутија.
Палмин Восок
Палминиот восок се добива со преработка на палминото масло извлечено од плодовите на палмите. Тоа е вредна природна суровина за производство на свеќи. Палминиот восок има голема предност, бидејќи неговите големи кристали му овозможуваат на восокот да апсорбира поголем процент на мирис и да го ослободи рамномерно кога ќе изгори.
Употреба на палминиот восок
Освен за правење свеќи, палминиот восок се користи во козметиката, како и за производство на сапуни и биодизел.
Во нашата понуда ќе најдете:
Палмин восок 60 - Палмин восок во форма на лушпи (без кристализиран) температура на топење 59-61 .Се препорачува да се топи на 85 целзиусови степени за најдобар ефект.
Пакување 20кг во вреќа .